„Барово-Мускат Отонел“, ново вино на “Тиквеш“

Bez autora
Jun 22 2010

Белото вино „Барово- Мускат Отонел“ е од категоријата ароматични вина, добиено е од сопствени контролирани лозови насади, а достапно е во лимитирани количини од 13.000 шишиња. Пласирањето на новото вино на домашниот и странските пазари е дел од бизнис стратегијата на ВВ “Тиквеш“, со стагнацијата на светската економија да се бори со нови производи, со што ќе се подобрат позициите на компанијата. И покрај тоа винската индустрија во светот се наоѓа во стагнација, како резултат на што компаниите од овој бизнис се соочуваат со сериозни предизвици ние одлучивме негативните трендови на пазарите да ги победиме со храбра стратегија, и како резултат на тоа го пласиравме новото вино „Барово- Мускат Отонел“ на пазарите. Убедени сме дека тоа ќе го зголеми бројот на оние што уживаат во виното и ќе ги зајакне позиции на „Тиквеш“ на пазарот.

„Барово-Мускат Отонел“, ново вино на “Тиквеш“Белото вино „Барово- Мускат Отонел“ е од категоријата ароматични вина,  добиено е од сопствени контролирани лозови насади, а достапно е во лимитирани количини од 13.000 шишиња.

Пласирањето на новото вино на домашниот и странските пазари е дел од бизнис стратегијата на ВВ “Тиквеш“, со стагнацијата на светската економија да се бори со нови производи, со што ќе се подобрат позициите на компанијата.

„И покрај тоа винската индустрија во светот се наоѓа во стагнација, како резултат на што компаниите од овој бизнис се соочуваат со сериозни предизвици ние одлучивме негативните трендови на пазарите да ги победиме со храбра стратегија, и како резултат на тоа го пласиравме новото вино „Барово- Мускат Отонел“ на пазарите.

Убедени сме дека тоа ќе го зголеми бројот на оние што уживаат во виното и ќе ги зајакне позиции на „Тиквеш“ на пазарот“, вели Ѓорѓи Петрушев, извршен директор на ВВ „Тиквеш“.

Виното „ Барово- Мускат Отонел “ е произведено од сопствени контролирани лозови насади стари повеќе од 35 години, кои се наоѓаат во ретко населена област Барово на Кожув планина. На оваа планинска локација освен што има чист воздух, високите планински карпи овозможуваат мешање на континенталната и медитеранската клима, како резултат на што виното „Барово- Мускат Отонел“ има посебен вкус.

„Природните услови и спецификите на овој регион даваат одлични услови за одгледување на винова лоза. Лозовите насади во областа Барово на Кожув планина се наоѓаат на надморска височина од 550 до 700 метри, што овозможува пониски температури во летниот период и влажност на почвата.

Ваквите природни услови резултираат со соодветна избалансираност на состојки на грозјето како што е шеќерот, винските киселини и минерали, што на крајниот производ му дава својство на истакнати ароматизирани вкусови“, вели Глигор Ристов, раководител на лозовите насади во месноста Барово.

Виното „Барово- Мускат Отонел“ засега е достапно само на македонскиот и на пазарот во Србија во ограничени количини од 13.000 шишиња.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik